речник контакт

Зошто главните велешки улици се во мрак?

Интересно објаснување...

Петар Печков

Главните велешки улици, каде е место за шеталиште на неговите жители често се во мрак.

Слична состојба имаат и десетина други улици поврзани  на нив, поради дивеење на непозната група сограѓани. По реакциите дека градот на најфрекфентните улици нема осветлување, екипи на ЕСМ и локалната самоуправа од Велес го пронашле виновникот.

Непознат сторител или група, во ноќните чассови го осветлуваат сензорот преку кој улиците добиваат осветлување. Бидејќи тој добива сигнал дека е веќе ден, светилките се гасат.

Оваа игра на непознатите сторители продолжува и натаму,  па градските власти размислуваат сензорот да го префралт на ново тајно место, со што очекуваат дека улиците повеќе нема да бидат во мрак.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »